Потрошувачот правото за замена односно враќање на производ може да го оствари во рок од 7 работни денови за производ купен од секцијата Женска/Машка облека сметано од денот на подигање т.е. достава на производот.

За остварување на правото за замена односно враќање на производот кој се враќа мора да биде во истата состојба како кога го примивте, односно во неговото оригинално пакување, не користен или носен, со оригинални етикети. Во спротивно истиот нема да може да се врати.

Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши замена на производот.

Доколку се работи за замена во предвид се зема моменталната вредност на производот кој се враќа кој е исто така предмет на достапност на залиха.

Односно, доколку го посакувате производот кој го немаме на залиха, можете да одберете друг производ во иста вредност.

Во другите случаи како наведените:

Поголем/помал број
Посветла/ потемна боја
Не допаѓање при примање

Вршиме само замена, но не и рефундација на средствата.

Можна е замена за друг производ или поголема/помала величина од истиот, доколку производот не одговара во величината.

По истекот на рокот (7 работни денови) на подигање т.е. достава на производот, потрошувачот го губи правото на замена, односно враќање на производ по овој основ. Сите поднесени Барањата за замена, односно враќање на производ, сметано од 8-тиот ден од денот кога производот е примен од потрошувачот, ќе бидат негативно одговорени. Замената, односно враќањето на производот Потрошувачот може да го реализира преку е-маил, на телефонскиот број или да ни пишете во порака на Facebook или Instagram.

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот: +389 47 255 119, или пак да ни испратите е-пошта со свои податоци (име, презиме и телефон) на info@tricetvrti.com и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена или враќање производот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката.


Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.