Никогаш во тренд, секогаш СВОИ!
ЗА МЕНЕ
Ова е мојот нов старт, ново поглавје во мојот живот .
Отварам модно студио каде ќе ги осмислувам , креирам и продавам моите парчиња на женска облека, брендирани под името [ 3/4 tričetvrti by Jasmina ]
Студио, каде ќе го пренесувам мојот талент за естетика и изразување…. и сето тоа обоено со љубов, зошто само така сум сигурна дека ќе останам своја.
Одлуката да влезам во овој свет, е збир од секојдневните животни емоции кои тлееа во мене скоро цели 5 години, па ставајќи ги своите желби под лупа, открив што е она што ме прави среќна.
Никогаш она што се носи, туку она што МИ се носи.
ЗА 3/4
Во строгиот центар на Битола, на самиот Широк Сокак под Камен Мост, во едно таинствено подземје, постои простор каде се создаваат и исполнуваат нашите соништа.
Студио каде се гради брендот 3/4 tricetvrti by Jasmina.
Бренд кој со своите креацији се охрабри на сред КОВИД пандемија да се спротистави на ТРЕНДОТ и КОМЕРЦИЈАЛАТА.
Модели кои недостигаат кај нас … посебно во Битола.
Изработени конфекциски во фабрика, брендирани под името 3/4 tricetvrti by Jasmina, од сопствен дизајн , во своето модно студио ги осмислуавам и изложувам моите креации.
Модели во лимитирана количина кои се вон коцептот на FAST модата!
МИСИЈА НА 3/4
Мисија на брендот ¾ by Jasmina е да наметне уникатност во едноставноста.
Истовремено да ги стилизира и прикажи своите парчиња на начинот на кој можат да се носат.
Секој модел во две варијанти … елегантна и лежерна.
Никогаш во тренд, секогаш СВОИ.
Никогаш она што се носи, туку она што МИ се носи.
Купувајте македонска дизајнирана облека и САКАЈТЕ СЕ СЕБЕ СИ!